”Кумановски акцијаши” со апел за волонтерска работа во кумановско ”Диво насеље”

Сподели со своите пријатели

Граѓанското здружение ”Кумановски акцијаши”, најави заедничка акција во оштетените домови во нас. Тоде Мендол, по вооружените дејства кои се случија во Куманово на 9 и 10 мај.

Loading...

Во своето соопштение објавено на социјалната мрежа Фејсбук, членовите на здружението ”Кумановски Акцијаши” најавија волонтерска работа во нас. Тоде Мендол.

По вчерашната посета со одговорните за санирање на штетите од дејствијата од 9 и 10 мај, договорено е здружението за доброволна волонтерска работа “ Кумановски акцијаши“ Куманово со мулти етничка работна бригада составена од младина и граѓани на Куманово, да учествува во завршните работи за расчистувањето на оштетените куќи.

Преку ова акција, не само што ќе им помогнеме на нашите сограѓани туку и ќе пратиме јасна порака за нашата подготвеност, решителност за соживот меѓу сите етнитети кои живеат во Куманово и кумановско.

Ова мултиетничка бригада ќе биде пополнета и со сите добро намерни граѓани од сите возрасти кои имаат желба да учествуваат во акцијата за помош на нашите сограѓани можат ВЕДНАШ да почнат да се пријавуваат на оваа страница или во нашиот инбокс.

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ, ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА НАШИТЕ СОГРАЃАНИ, апелираа од Здружението. 

Leave a Reply