Кумановската Гимназија организира спортски турнир

Сподели со своите пријатели

Кумановската Гимназија „Гоце Делчев“ ќе биде домаќин и организатор на мал турнир во спорт,

Loading...

Станува збор за иницијатива на Ученичкиот парламент на училиштето на чело со Луна Димитриевска и Михаела Димковска кои овој настан го организираат во соработка со наставникот Горан Томовски.

Како што се вели во повикот, целта е да се покаже спортскиот дух со учтивост дури и при пораз и одржување на самодисциплина во однос на другите. Да научат учениците што значи фер игра и да ги почитуваат правилата на играта.

– Благодарение на спортот, многу луѓе секојдневно се справуваат и водат битка со разни болести, сведоци сме и на луѓе кои поради континуирано рекреативно и професионално спортување немаат проблем со здравјето. Во ера на новонастанатите технологии, физичката активност значително е намалена. За да ја подигнеме свеста и да ставиме акцент на здрав и спортски дух, вели Луна Димитриевска, претседатле на Ученичкиот парламент на Гимназија „Гоце Делчев“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Неделна прогноза за Куманово: Температурите во пораст, за викенд дожд и снег

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @gimnazijagocedelcev

 

Сите заинтересирани ученции на Гимназијата може да се пријават кај нивните претседатели на класот и да посочат за кој спорт ќе се определат.

Loading...

Никола Ивановски