Кумановската болница набави нови апарати

Сподели со своите пријатели

Општата болница Куманово набави три нови апарати за поефикасна и подобра здравствена заштита за пациентите од градот и соседните општини, информираа денеска надлежните.

Loading...

Апаратите ги набави претходниот менаџерски тим на болницата и се наменети за потребите на офталмолошкото и гинеколошкото одделение како и апарат за анестезиолозите.

Новиот видео ларингоскоп за Анестезиолошкиот оддел е наменет за интубација на пациенти во општа анестезија, при реанимација и при компромитирано дишење. Вториот апарат е електрокаутер наменет за оперативните гинеколошки интервенции, со кој како што појаснуваат стручните се скратува крварењата, оперативните резови се помали, ткивата трпат помала траума и се скратува и времетраењето на операција. Претходниот менаџерски тим набави и рефрактометарот за Одделот офталмологија, откако стариот не беше во функција скоро година и половина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец баран со потерница поради тешка кражба

И новиот менаџерски тим прави програма и план за нови апарати кои би влегле во програмата за идната година.

Директорката на болницата, Биљана Ивановска кажа дека сите раководители имаат обврска да достават листа на приоритети за апаратии за други реконструкции.

– Откако ќе бидат доставени листите ќе одлучиме што во 2024 година, ќе биде приоритет во однос на набавка и реконструкција. Болницата е солидно екипирана, но има одделенија каде недостасува кадар, лекари, но и среден медицински персонал. Доедукација на персоналот ќе биде поддржана од мојата страна меѓутоа во однос на бројот на вработени имаме недостиг и на лекари специјалисти, медицински сестри, а загрижувачки е фактот и дека имаме недостаток на хигиеничари. Поднесени се барања до Министерството чекаме согласност за да спроведеме вработување и да ги пополниме празните работни места, изјави Ивановска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Безбедносната состојба на подрачјето на СВР Куманово е поволна, вели Бојмацалиев (ФОТО)

МИА