Кумановци денеска се простија од првоборецот и учесник во Народно ослободителната борба Спиро Зафировски, кој вчера почина на во 91-та година од животот.
Последна чест на неговото вечно почивалиште освен семесјтвото, му оддаде и Сојузот на борци од Куманово чиј претседател и член беше Зафировски, пријатели, роднини, претставници на Армијата на Република Македонија, Советот на Општина Куманово, како и Здружението на армиски и полициски ветерани и многу блиски луѓе на овој голем човек.
За улогата која дедо Спиро ја одиграл во историјата на градот и неговото ослободува, говореше Благе Јакимовски, член на Сојузот на борци од Куманово.