Куманово ќе додели парична помош за поплавите во Делчево

Сподели со своите пријатели

Советот на Општина Куманово денеска на 26та седница донесе одлука за доделување парична помош за справување со поплавите во Општина Делчево.

Loading...

Општина Делчево која претходно прогласи природна непогода од поплави, на помош од Куманово ќе добие сума од 300.000 денари.

Предлогот до советот го достави Елена Доцевска Божиновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а беше скоро едногласно поддржан од сите членови.

– Сметаме дека треба да покажеме гест на солидарност. Во консултација со службите одучивме да предложиме помош од 300.000 денари со цел да се помогне. Непосредно по штетата и по природната непогода, следеше и повик од ЗЕЛС за помош од општините, што е за поздрав, како и одлуките кои ги донесоа дел од советите на општините, рече Доцевска Божиновска.

Поддршка на предлог одлуката даде и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска.

– Мислам дека ова е пракса на овој состав на Совет да помага при вакви непогоди и секогаш излегуваме во пресрет и покажваме емпатија и солидарност кон имотот и лицата. Оваа точка и од моја страна е поддржана, рече таа.

За реализација на одлуката Советот го задолжува градоначалникот Максим Димитриевски да спроведе уплата на наведените средства на жиро – сметка која ќе биде добиена од Општина Делчево.

Никола Ивановски

Loading...