Куманово им оддаде почит на загинатите бранители во Диво Насеље (ГАЛЕРИЈА+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Куманово денеска им оддаде почит на загинатите припадници на безбедносните сили кои на 9 мај 2015 година загинаа во антитерористичката акција во Диво Насеље.

Loading...

 

 

Со панихида во Соборниот храм „Свети Никола“ започна оддавањето почит на храбрите припадници на специјалните единици.

 

 

Loading...

Присуствуваа нивни колеги, пријатели, граѓаните, а почит им оддаде и претседателката на Советот Ивана Ѓорѓиевска.

 

 

Иницијатори на одбележувањето беа како и секоја година група граѓани и соборци на загинатите бранители.

 

 

Loading...

– Овие десет години Куманово памети. Памети што се случуваше тоа утро. Дадоа силите на МВР осум жртви, крв падна за Македонија. Со овој наш помен и сеќавање нема да заборавиме на нивната жртва, бидејќи крвта нивна е наша заклетва, изјави Предраг Петрушевски – Бинго.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец го оставил детето да питачи пред маркет, доби кривична

 

 

По панихидата следуваше положвање свежо цвеќе пред спомен плочата поставена пред Секторот за внатрешни работи Куманово.

 

 

Loading...

Повеќе делегации положија свежо цвеќе, меѓу кои и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев, началникот на СВР Куманово Никица Петрушевски, претставници специјалните единици, на локалната самоуправа, полициските синдикати и граѓани.

 

 

Претседателот на Здружението „СИЛА“Антонио Станковски, кој тогаш беше прв човек на специјалните единици, вели дека е згрешено на највисоко ниво во раководството и тоа резултираше со ваков епилог.

Тој изрази разочарување што денешното одбележување на десетгодишнина помина скромно.

Loading...

– Малку сум револтиран на бројката на присутните граѓани во самата црква и можеби денешното место требаше да биде преплавено со луѓе, треба да се ставиме во улога на фамилиите што ги загубиле своите чеда и тоа за век и векова, а ние за век и векова треба ова да не го заборавиме, бидејќи ние сме живи и здрави, функционираме нормално со нашите фамилии, се радуваме и веселиме, споделуваме убави моменти, изјави Станковски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривични за повеќе лица поради злоупотреби со превоз на ученици во „Киро Бурназ“

 

 

Тој вели дека градот со државните институции треба да направи достојни обележја за бранителите со цел тие никогаш да не бидат заборавени.

Loading...

Во акцијата во Диво Насеље во судир со терористичка група, животите ги загубија бранителите: Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ.

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Ноќва дожд, во недела сонце

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

 

 

 

 

Loading...

 

 

 

Никола Ивановски