Украина изврши масовен напад врз Русија: Погодена е уште една рафинерија за нафта

Сподели со своите пријатели

Украина изврши уште еден напад врз рафинеријата во големиот град Јарослав, северно од Москва, објави независниот онлајн портал Астра.

Фотографиите кои кружат на социјалните мрежи покажуваат чад над фабриката.

Рафинеријата во изминатиот период беше неколкупати нападната.

Нема официјални информации за можни оштетувања на фабриката за преработка на нафта.

Според гувернерот Михаил Џеврајев, противвоздушната одбрана соборила повеќе од 70 беспилотни летала.

„Две лица се здобиле со повреди од шрапнели“, напиша тој на Телеграм, додавајќи дека се згрижени во болница. Тој предупреди на можни дополнителни напади.

Украина нападна околу 20 руски региони и региони под руска контрола, вклучувајќи го и Крим, соопшти руското Министерство за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Финска подготвува милион резервисти во случај на конфликт со Русија

На полуостровот една жена загина во напади со беспилотни летала, а уште две лица се повредени, напиша гувернерот Сергеј Аксјонов.

Во пристанишниот град Севастопол е зафатена енергетската инфраструктура, соопшти гувернерот Михаил Развозаев.

Тој додаде дека снабдувањето со електрична енергија на повеќето домаќинства е вратено по преминувањето на резервен капацитет.

Најмалку 14 лица загинаа во руските бомбашки напади во регионот на Киев во понеделникот.