Од полноќ поскапуваат горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе нова одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 1,47 отсто во однос на одлуката од 29 јуни.

Според новата одлука, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 85,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по 87,50 денари за литар.

ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) поскапува за 2,50 денари и неговата нова цена ќе биде 82,50 денари за литар. Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за 2,00 денари и ќе чини 81,50 денари за литар.

За разлика од останатите горива, кај мазутот М-1 НС има мало намалување на цената. Новата цена ќе изнесува 41,230 денари за килограм, што е за 0,265 денари помалку од претходната.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Лице во бессознание пронајдено пред зграда во Куманово

Од РКЕ информираат дека при формирањето на новите цени е евидентиран раст на референтните цени на светскиот пазар кај бензините, дизелот и екстра лесното масло, додека кај мазутот е забележано благо намалување. Влијание врз конечната пресметка имал и курсот на денарот во однос на американскиот долар.

Со новата пресметка, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува од 84,50 на 85,50 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 од 86,50 на 87,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) од 80,00 на 82,50 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) од 79,50 на 81,50 денари.