Кумановка приведена поради кражба од црква

Сподели со своите пријатели

Четириест и тригодишна кумановка е приведена под сомнение дека украла пари од црква.

Loading...

– На 10.08.2023 во 20.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода О.Ц. (43) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од полицијата, таа се сомничи дека истиот ден од црква на улицата „Моша Пијаде“ во Куманово одзела пари.

О.Ц. била приведена во полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски