Четириесет и двегодишна кумановка била приведена под сомнение дека крадела од приватен имот, верски објект и автомобил.
Loading...
– На 16.11.2023 во 14.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Е.П.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што појаснуваат оттаму, таа се сомничи дека во изминатиот период влегла на приватен имот, во патничко моторно возило, верски објект и одзела повеќе предмети.
– По целосно документирање на случаите против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во соопштението на кумановската полиција.
Никола Ивановски