Кумановка измамена за 15.000 денари

Сподели со своите пријатели

Триесет и седумгодишна кумановка пријавила дека била измамена за сума од 15.000 денари.

Loading...

– На 29.08.2022 во 15.30 часот во СВР Куманово, 37-годишна жена од Куманово пријавила дека од нејзината транскациска сметка во банка без нејзино одобрување биле подигнати околу 15.000 денари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Според пријавеното, нејзиниот малолетен син на интернет страница објавил продажба на монитор, по што на 13.08.2022 едно женско лице на вибер остварило комуникација со него.

Како што е пријавено, лицето побарало од нејзиниот син трансакциска сметка и пин бројот од банкарска картичка за да може да му пушти пари, по што тој ја дал сметката и пинот од картичката на пријавителката.

Исто така, според пријавеното, откако отишла даја провери состојбата на сметката, сфатила дека биле измамени.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од полицијата.

Никола Ивановски