Како што јавува СВР Куманово, во текот на вчерашниот ден околу 03,00 часот, во Куманово, на ул.„Веселин Маслеша“ непознат сторител влегол преку прозор од купатило во куќа сопственост на Е.М. (50) додека истата спиела и извршил пребарување, а потоа физички ја нападнал при што насилно од ушите и ги одзел обетките кои ги носела, а од плакарот одзел два златни прстени и еден пар обетки, по што го напуштил местото на настанот.
Извршен е увид од страна на увидна екипа од СВР-Куманово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.