Кумановецот Никола Трајановски продолжува со импресивните настапи во САД

Сподели со своите пријатели

Кумановската и македонска пливачка надеж и член на Пливачкиот клуб „ТУМБА“ од Куманово Никола Трајановски продолжува со импресивните настапи во САД.

Loading...

Трајановски за Универзитетот Ајова за кој настапува на последното првенство на сојузни држави и универитети во Мајами, САД, имаше четири напорни дена каде настапи вкупно во седум дисциплини – 4 индивидуално и 3 екипни.

Во индивидуална конкуренција нашата голема пливачка надеж во дисциплината 50 јарди слободно избори А финале и оствари време од 21:04.

 

 

Младиот Кумановец пливаше А финале и на 50 јарди делфин со време 22:63 и пласман на крајот на шестата позиција.

На 100 јарди слободно повторно А финале со мерно време 45:84 и 6 позиција.

Loading...

Успешниот викенд Трајановски во индивидуална конкуренција го комплетираше со А финале на 200 јарди слободно со време од 1:22.35 .

Во екипна конкуренција , т.е штафетни трки Трајановски настапи на 400 јарди слободно, 200 јарди слободно и пласман на втора позиција и 800 јарди слободно каде со неговиот тим го освои третото место на оваа првенство.

 

 

Со овој настап Никола Трајановски го покажа сиот свој квалитет и потенцијал за кој во иднина веруваме дека ќе прерасне во еден од најдобрите македонски пливачи во историјата на овој спорт во нашата држава и нашиот град.

Ние како клуб се гордееме со Никола и му посакуваме уште поголеми и подобри резултати во иднина