Кумановец загина на патот Куманово – Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Шеесет и четиригодишен пешак од Куманово загина на патот Куманово – Крива Паланка откако во него удрил српски државјанин.

Loading...

– На 30.10.2024 година во 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистрален пат Куманово – Крива Паланка се случила сообраќајна незгода каде возило “пасат” со српски регистарски ознаки управувано од В.Б.(47) од Република Србија удрило во пешак Б.Д. (64) од село Облавце, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Во незгодата пешакот загинал на лице место, а увид извршила екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се најдобрите пожарникар и полицаец за 2024 година во Куманово