Шеесет и петгодишна кумановка подолг период била психички малтретирана од нејзиниот син кој се однесувал и агресивно.
– На 16.06.2026 околу 11:00 часот во СВР Куманово, 65-годишна жена од Куманово пријавила дека подолг временски период нејзиниот син И.А.(35) агресивно се однесувал и психички ја малтретирал, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

