Кумановец ќе одговара за запуштање и малтретирање на малолетно дете

Сподели со своите пријатели

Триесет и четиригодишен кумановец доби кривична пријава за запуштање и малтретирање на малолетно дете.

Loading...

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.А.(34) од с.Градиште, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на малолетно дете“ по член 201 од Кривичниот законик, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, на 08.02.2025 во атар на с.Кучкарево, кумановско, пријавениот под дејство на алкохол управувал трактор, на кој го превезувал неговото 12 – годишно дете, а кое останало подолг период на ниски температури и на тој начин го ризикувал неговото здравје.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Акција за собирање кабаст отпад на три локации во Куманово

Никола Ивановски