СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.С. (44) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 26.11.2015 година од страна на полициски службеници е извршен претрес во домот на пријавениот на ул. „Ѓуро Пуцар Стари“ при што е пронајдена 0,77 грама наркотична дрога марихуана, која пријавениот ја купил од непознато лице, заради препродажба.