Украинската воздушна одбрана неутрализираше 82 од вкупно 108 дронови лансирани од руските сили за време на ноќниот напад врз Украина, соопштија денес Воздухопловните сили на вооружените сили на Украина.
Украинската армија изјави дека и покрај ефектот на воздушната одбрана, погодени се 11 локации, објави Укринформ.
Има мртви и ранети во Дњепропетровск
Најмалку четири лица загинаа, а 10 се повредени денес во рускиот напад врз Дњепропетровск во Украина, објави началникот на воената администрација на регионот Дњепропетровск, Александар Гања.
Тој објави на Телеграм дека цел на нападот била компанија, објави Укринформ.
– Сите служби за итни случаи беа ангажирани на местото на ударот – рече Ганжа.

