Кумановец измамен за сума од 65 милиони денари

Сподели со своите пријатели

Педесет и седумгодишен кумановец бил измамен за сума од 65 милиони денари, а осомничен дека го сторил кривичното дело е Скопјанец кој живеел во Струмица, кој веќе бил осудуван за измама.

Loading...

– На 18.04. 2022 во СВР Куманово, 57-годишен маж од Куманово пријавил дека бил измамен од И.М.(47) од Скопје, со живеалиште во Струмица, за сума од 65 милиони денари, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Како што појаснуваат од кумановската полиција, пријавениот, на 16.04.2022 во 15.30 часот бил лишен од слобода од полициски службеници од Отсекот за потраги при СВР Куманово бидејќи бил баран по централна потерница за доиздржување казна затвор од 2 години и 6 месеци, а бил осуден на 3 години затвор за сторено кривично дело „измама“ по член 247 од Кривичниот законик.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Гиновска: Вчерашниот митинг беше масновно изразување на народната волја (ВИДЕО)

Исто така, тој бил спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Штип за доиздржување на казната.

По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски