Дваесет и седумгодишна жена пријавила дека нејзиниот сопруг бил агресивен и ѝ упатувал закани.
– На 04.09.2026 во 00:00 часот во СВР Куманово, 27-годишна жена од Скопје пријави дека на 03.09.2026 околу 21.30 часот во Куманово, нејзиниот сопруг Д.П. се однесувал агресивно и упатувал закани кон неа, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

