Четириесет и едногодишниот Г.Б. од Куманово вработен како електромонтер во ЕВН Македонија заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и Р.А.(62) од с. Виштица за поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „прикривање“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Лецето Г.Б. злоупотребувајќи ја службената положба му овозможил на Р.А. нелегално да користи електрична енергија на тој начин што со својот кодиран клуч го отворил електричното броило и извршил премостување на една фаза со што оневозможил броилото да ја мери реално потрошената електрична енергија, а по ова ставил свои пломби кои не се совпаѓаат со сериските броеви на броилото.
Кривичните пријави се поднесени вчера од страна на Секторот за внатрешни работи Куманово.