Селекторот на Барселона, Роналд Куман ги коментираше изјавите на Антоан Гризман.
По натпреварот на Франција против Хрватска, на кој Гризман постигна гол, а фудбалерот коментираше дека националниот селектор Дидие Дешамп точно знае како да го искористи и тоа е причината зошто тој е поефикасен за „петлите“.
– Секој има право да каже што сака. Зборував вчера со Антоан затоа што сакав, а не поради тоа што го рече. Му реков дека размислувам за доброто на тимот. Знам дека тој може да игра десно на други позиции. Тој работи напорно, нема проблеми со дисциплината и сега треба да има поголема среќа со последниот допир. Имаше две ситуации против Севиља во кои тој можеше да се справи подобро. Во однос на неговата позиција, тренерот е тој што го одредува ова. Немам проблеми со Антоан, го барам само најдоброто за тимот и клубот. Нема да барам играч да игра улога што е далеку од неговите можности. Не го правам тоа ниту со Гризман, бидејќи тој може да игра десно. Разбирам дека има веројатно позиции кои тој ги претпочита, но не можеме да играме со двајца играчи на позицијата 10, прокоментира Куман.
Влатче Зорба