Кулеба: Украина нема да прави отстапки во обновувањето на договорот за жито

Сподели со своите пријатели

Украина нема да прави отстапки во врска со обновувањето на договорот за извоз на жито преку Црното Море, за што разговараше турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба.

Loading...

„Нашиот став е праведен – повеќе не треба да бидеме заложници на руската уцена, кога Русија создава проблеми и потоа ги повикува сите да ги решат“, рече Кулеба, а пренесува РИА.

Според него, украинските дипломати ги контактирале своите турски колеги пред средбата на Ердоган со рускиот претседател Владимир Путин во Сочи и „јасно објасниле се“.

Кулеба претходно изјави дека очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да разговара со Ердоган.

„Убеден сум дека врз основа на резултатите од разговорот на Ердоган со Путин, ќе има контакт меѓу претседателот Ердоган и претседателот Зеленски“, рече Кулеба, додавајќи дека постои доверба во односите меѓу претседателот Зеленски и Ердоган.

Ердоган во понеделникот се сретна со Путин во Сочи, а по средбата Путин рече дека Русија е подготвена да го оживее договорот за жито, штом ќе се исполнат ветувањата дадени кон неа.

Турскиот претседател изјави дека очекувањата на Русија во однос на Црноморскиот договор се „праведни“, пренесува Танјуг.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...