Кулеба: Украина ја преживеа инвазијата и ќе ја добие војната

Сподели со своите пријатели

Украина ќе ја добие војната против Русија, изјави украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба.

Loading...

„Сакам да појаснам една работа: пред две години, на денешен ден, луѓето не веруваа, експертите, дипломатите не веруваа дека Украина ќе преживее инвазија од големи размери на Русија“, рече Кулеба.

Тој додаде дека денес истите луѓе не веруваат дека Украина може да ја добие војната.

„Тие згрешија еднаш и ќе згрешат уште еднаш. Украина ја преживеа инвазијата, Украина ќе ја добие војната. Ако дејствуваме колективно и заедно, тоа ќе се случи порано отколку подоцна“, изјави шефот на украинската дипломатија, пренесе Анадолија.

„Мирот мора да биде одржлив“

Кулеба рече дека обемот на војната и нејзините глобални импликации се „огромни“, како и страдањата на Украинците.

„Ниту една нација во светот не сака мир повеќе од Украина. Нашата земја најмногу страда, но знаеме и дека мирот мора да биде одржлив. Едноставно ставање на војната во мирување и надеж дека агресорот ќе биде доволно милостив да избере мир на крајот не е реален план“, рече Кулеба.

Забелешките на украинскиот министер уследија по повлекувањето на украинските сили од Авдијевка.

Русија тврди дека напредува на бојното поле, додека во исто време Киев бара од Западот оружје и муниција што му недостига.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.