Куќа изгоре во кумановско Романовце

Сподели со своите пријатели

Куќа ноќва горела во кумановското село Романовце, информираат утринава од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Според информациите на РЦУК огнените јазици го пеплосале кровот на куќата, но и еден кат од неа.

Шестмина пожарникари учествувале во интервенцијата со две противпожарни возила во период од 00:35 до 02:45 часот.

Причините за избувнување на пожарот засега не се познати.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тепачка меѓу татко и син во Куманово, двајцата во болница