Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
На некои од повисоките планини врнежите ќе преминат во слаб снег, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме променливо облачно време со слаб до засилен ветер од северен правец, кој ќе ниадминува брзина од 40 километри на час.
Температурата во утринските часови ќе се движи околу два степени, а максималната дневна се очекува да достигне до 12 степени целзиусови.

Утре низ кумановско ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.
Утринската температура ќе се спушти до околу третиот степен, а максимумот во текот на денот ќе се искачи до 13 степени целзиусови.

Во недела ќе имаме сончево време со услови за мала облачност.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 5 до максимални 16 степени целзиусови.

Претстојната работна недела носи благ пораст на температурите и претежно стабилно време.
Никола Ивановски

