КУД „Српски вез“ на летен камп во Белград (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На покана и организација на Управта за соработка со дијаспората и Србите од регионот, при Министареството за надворешни работи на Србија, 90 членови на КУД „Српски вез“ од Куманово отпатуваа на „Летен камп“ во Белград кој трае од 22-26 јули 2023.

Loading...

 

 

Во рамките на овој камп децата од Куманово имаат прилика да ги посетат сите значајни места во Белград како што се: Калемегдан, Кнез Михајлова, Музеј на илузии, Ада Циганлија, Авала, Музеј на Никола Тесла, Ботаничка градина, Стадионот на Партизан и Ц.Звезда.

Исто така во рамките на кампот членовите на Српски вез имаа прилика да го посетат Народното собрание на Србија како и Палатата на Србија каде беа примени од Председателот Александар Вучић.

На отварањето на кампот присуствуваше и Директорот на управата Арно Гујон, кој ги поздрави децата од Куманово и им се заблагодари за тоа што го чуваат Српскиот идентитет и добрата соработка со братскиот македонски народ.

 

Loading...

 

Како благодарност за подршката што ја има Српски вез од Директорот на управата и од Р.Србија председатечот на Српски вез на Г-динот Гујон му врачи Плакета за посебни заслуги.

Овој камп е прв од шесте кампови кои ће ги организира Управата за дијаспора за деца од регионот.

Интегрално соопштение / фото: КУД „Српски вез“