Со целовечерен годишен концерт, Културно-уметничкото друштво „Српски вез“ ќе одбележи шест години од своето постоење. Концертот ќе се одржи на 20ти април (сабота) во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ со почеток од 19 часот.
– По тој повод предвидена е богата културно уметничка програма, каде што покрај „Српски вез“, како специјални гости на Концертот ќе настапат и СКУД „Просвјета“ од Вуковар Република Хрватска и КУД „Симонида“ од Косово и Метохија, изјави Далибор Китановиќ од „Српски вез“.
На самиот концерт најавено е присуство на неколку амбасадори, пратеници, градоначалникот на Куманово како и бројни гости од културниот живот од Србија и Македонија.
– Покрај богатата програма предвидени се и неколку изненадувања за Кумановската публика, додава Китановиќ.