Истражувањето спроведено во Шведска открива дека поседувањето куче може да го намали ризикот од создавање срцеви болести.
Во истражувањето учествувале скоро четири милиони лица на возраст од 40 до 80 години.
Претходните истражувања потврдиле дека сопствениците на кучиња не се депресивни и дека нивните миленици им помагаат доколку се одлучат да се изолираат од светот. Тоа практично значи, според студијата, дека сопствениците на кучиња подобро реагираат на стресот, имаат поголема физичка активност и значително помало ниво на холтестерол во организмот. Меѓутоа, битно е и која раса на куче ќе ја изберете.
Најмногу се препорачува златен ретривер или обична мешана раса. Една од жените која учествувала во истражувањето тврди дека со своето куче до неговата смрт дневно одела и по 10 километри.