Крвава ноќ во Краматорск: Погодени осум згради, двајца загинати и над 20 повредени (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Најмалку три лица загинаа, а 20 се повредени во руски напад врз зграда во украинскиот град Краматорск, соопшти регионалната полиција.

Loading...

Според полицијата, оштетени се најмалку осум станбени објекти, а еден од нив е целосно уништен. Постои можност луѓето да се заробени покрај урнатините.

Според нивните изјави, руската армија во овој напад користела ракети Искендер.

Како што објави украинското Министерство за одбрана на својот официјален профил на Твитер, спасувачките операции се во тек.

„Под урнатините се слушаат крици за помош“, велат од Министерството.

 

 

Loading...

Потсетуваме, регионалниот гувернер Павло Кириленко објави дека руските ракетни сили истрелале ракета која погодила станбена зграда.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, изјави дека ваквите настани се секојдневна појава во оваа земја.

„Станбена зграда, ракетен напад, цивили убиени и заробени под урнатините. Ова не е повторување на историјата, ова е секојдневната реалност на нашата земја. Земја која се граничи со апсолутно зло“, рече Зеленски.

 

 

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.