Заштитен појас, багремова шума и сува трева горела, се запалил и кров на станбена зграда, вкупно шест пожари имало изминатово деноноќие на подрачјето на Куманово, информираа денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Вчера, пожарникарите гаселе трева во близина на бензинска пумпа помеѓу селата Табановце и Костурник каде горела сува трева и багремова шума-заштитен појас, во периодот од 12:30 до 16:45ч во површина околу 50 хектар. Пожарникарите го гаселе со две возила и шестмина пожарникари.
Речиси во истиот период во близина на село Костурник, блиску до граничниот премин пожарникарите интервенирале на запалена сува трева д 16:20 до17:50часот. Сува трева горела и во населбата Бедиње од 19:50 до 20:27 часот.
– Интервенција на улица „Моша Пијаде“ на запалена кровна конструкција на станбена зграда во периодот од 20:45 до 21:30 ч. каде учествувале со едно противпожарно возило и пет пожарникари. Причината за избувнување на пожарот и материјална штета се непознати, информираат од РЦУК Куманово.
Пожари имало во селата Зебрњак и Речица каде била зафатена сува трева во ноќните часови по 23 часот и по полноќ.
МИА