СВР Куманово поднесе кривична пријава против А.Д.(19) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
На 27.04.2015 година околу 23,30 часот во Куманово на бул„Октромвриска Револуција“ од страна на полициски службеници било сопрено патничко возило „Фолксваген Голф“ управуван од пријавениот во кое биле пронајдени една зипер кесичка со 17 семки канабис и 1,71 грам марихуана.
СВР Куманово поднесе кривична пријава и против М.М.(28) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
На 06.04.2015 година во Куманово од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на пријавениот кај кого се пронајдени 20 куршуми различен калибар и еден стартен пиштол кој пријавениот го поседувал со потврда издадена од СВР Куманово.