Осумнаесетгодишник од Куманово доби кривична пријава откако полицијата пред десет дена во неговиот дом пронајде оружје и муниција.
– СВР Куманово поднесе кривична пријава против Д.Р.(18) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, на 17.10.2026 полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени автоматска пушка и две рамки од со 44 парчиња муниција.
Во првичното соопшение по неговото приведување од полицијата наведоа дека при претресот била пронајдена и рачно изработена направа поврзана со тајмер и батерија.
Никола Ивановски

