Критики од канцеларија на ОН за Трамп поради помилување осуденици за масакр во Багдад

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата на ОН за човекови права соопшти дека е длабоко загрижена за одлуката на американскиот претседател во заминување Доналд Трамп да помилува четворица поранешни војници осудени за масакрот во Багдад во кој беа убиени 17 ирачки цивили.

Loading...

Трамп помилува 15 осудени лица во вторникот, вклучително и четворица членови на „Блеквотер“ кои работеле за Стејт департментот по договор. Приврзаниците на осудените членови на „Блеквотер“ побараа да бидат помилувани, наведувајќи дека се казнети построго отколку што заслужуваат.

Сепак, портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Марта Хуртадо сионоќа изјави дека тие се осудени од 12 години до доживотен затвор, вклучително и убиство од прв степен и дека нивното помилување „ќе придонесе за неказнивост и ќе има ефект да ги охрабри другите да прават такви злосторства во иднина“.

„Жртвите на сериозни повреди на човековите права и сериозните повреди на меѓународното хуманитарно право исто така имаат право на надомест на штета што вклучува право на видување на извршителите како издржуваат казни сразмерно на сериозноста на нивните дела“, рече Хуртадо.

Четворица мажи, воени ветерани кои работеле под договор за Стејт департмент, отвориле оган кон плоштадот Нисор во Багдад во септември 2007 година, при придружба на конвојот на американската амбасада во Ирак. Загинаа 17 цивили и 20 беа ранети.

Тужителите тврдат дека тешко вооружениот конвој на „Блеквотер“ започнал неиспровоциран напад.

Златко Шумковски

Leave a Reply