Кремљ веќе бара замена за Путин, тврди украински разузнавач

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на украинското воено разузнавање Андриј Јусов тврди дека Кремљ бара замена за рускиот претседател Владимир Путин поради зголеменото незадоволство од војната во Украина.

Loading...

Путин ја започна инвазијата во февруари минатата година со цел брза победа, под претпоставка дека Украина има многу послаба армија.

Сепак, украинската одбрана се покажа како посилна од очекуваното и, зајакната со западната воена помош, го запре рускиот воен напредок.

Иако Путин ја задржа поддршката од граѓаните и неговите најблиски соработници, во неколку наврати имаше критики за начинот на кој се води војната во Украина.

Јусов смета дека Кремљ во моментов бара наследник на Путин додека „кругот околу Путин се стеснува“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин: Русија не планира инвазија на Европа, тоа е целосна глупост

Тој тврди дека Путин станува „сè потоксичен“, дури и во границите на Русија.

Јусов не именуваше ниту еден потенцијален кандидат за наследник на Путин.

Антон Герашченко, советник на украинскиот министер за внатрешни работи, ги пренесе своите изјави на Твитер.

Loading...

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.