Кремљ: Средбата меѓу кинескиот и американскиот претседател е „важна за целиот свет“

Сподели со своите пријатели

Кремљ го оцени денешниот самит меѓу американскиот претседател Џо Бајден и неговиот кинески колега Си Џинпинг како „важен за целиот свет“, во време кога владеат тензии меѓу двете светски велесили.

Loading...

„Тие две земји воспоставуваат билатерални односи, тоа е нивно право. Се разбира, секоја средба меѓу двете најголеми економии на планетата е важна за целиот свет“, изјави денеска за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

Претседателите на САД и Кина, Џо Бајден и Си Џинпинг денеска ќе се сретнат во имотот Филоли јужно од Сан Франциско, на маргините на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (APEC), чиј домаќин е Сан Франциско.

Извори запознаени со планот на средбата велат дека двајцата лидери околу четири часа ќе разговараат за билатерални и глобални прашања.