Кралот Чарлс ја претстави сцената за Евровизија, па стана мета на потсмев (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила ја отворија сцената за Изборот за песна на Евровизија, кој во мај ќе се одржи во Ливерпул.

Loading...

Чарлс, кој ќе биде крунисан само неколку дена пред Евровизија, се сретна и со британската претставничка Меј Малер, а учествуваше и во снимањето на дел од забавното детско шоу Blue Peter.

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ова се уште не сте го виделе: Најлесен начин да протнете конец низ игла (ВИДЕО)

„Ќе го следиме натпреварот со голем интерес, ве бодриме“,рекол кралот на 25-годишниот Малер.

Ливерпул ќе биде домаќин на Евровизија на местото на минатогодишниот победник Украина, која не може да го води шоуто поради руската инвазија.

 

Loading...

 

Со одбројување, Чарлс и Камила ја открија сцената со притискање на големо розово копче, кое активираше низа разнобојни светла на сцената со пулсирачки ритам.

Само што се појави видеото, почна и првото исмевање.

Имено, многумина забележаа дека Чарлс успеа да го промаши големото копче.

 

 

Loading...

„Имаше само една работа“, „Колку е тешко да се притисне копче“, се пошегуваа некои во коментарите.

Инаку, по откривањето на бината, евровизиските фанови се пожалија и на големината на бината.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медицинска сестра каква не сте виделе: Фрлила 200.000 € на операции и сака уште!

„Толку чекање за ништо“, „Можеше ли сцената да биде помала? некои се пожалија.

 

 

Следниот месец, самата Британија ќе биде сцена на серија прослави организирани по повод официјалното крунисување на кралот во Вестминстерската опатија на 6 мај, и концерт во замокот Виндзор ден потоа.

Во февруари, британската влада објави дека ќе стави на располагање 3.000 билети за Евровизија за раселените Украинци.

Loading...

Изборот за песна на Евровизија ќе се одржи од 9 до 13 мај.