Ковачевски и Мицотакис на состанок за справување со последиците од енергетската криза

Loading...
Сподели со своите пријатели

Делегацијата предводена од премиерот Димитар Ковачевски во Атина, оствари средби со премиерот на Грција, Киријакос Мицотакис и претставниците на енергетските ресори.

На средбата од македонска страна присуствуваа и министерот за економија Крешник Бектеши, директорите на ЕСМ Васко Ковачевски и на МЕПСО, Орган Муртезани, претседателот на Стопанска комора Бранко Азески, како и Виктор Андонов, соработник за енергетика. Во состав на делегацијата од Грција присуствуваа Костас Фрагојанис, заменик министер за економска дипломатија и надворешни работи, Никос Цафос, советник за енергетски прашања на премиерот Мицотакис, Константини Зифарас, директор на државната компанија за природен гас ДЕПА, Георгиос Тасис, претседател/извршен директор на Public Power Corp SA како и останати претставници од секторот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  СДСМ во паника по Конгресот на ЗНАМ: Катастрофален пораз на претстојните локални избори, национална казна!

На состанокот се дискутираше за најважната тема како за државата, така и за стопанството, а тоа е ублажување на последиците од најголемата глобална криза која ја паметиме во поновата историја.

Дополнително се зборуваше и за заедничките проекти кои се реализираат за енергетска независност на среден и долг рок. На состанокот беше истакнато дека во изминатите неколку години, една од најголемите грчки компании „Митилинеос”, која е од огромно значење за грчката економија, најавува интерес за изградба на когенеративна гасна електрана во Скопје, која ќе произведува и електрична и топлинска енергија, како и за еден од стратешките проекти на Северна Македонија во енергетскиот сектор, изградбата на пумпно акумулациона хидроцентрала „Чебрен“, на Црна Река за која понуда пристигна и од грчкото електростопанство ППЦ, како и уште неколку европски компании.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре Македонија во топлотен бран, температури над 40 степени

Двајцата премиери разговараа дека приоритет во преден план треба да биде фокус на решавањето на енергетската криза и недостигот на енергенси. По завршувањето на работните состаноци премиерот Ковачевски ќе одржи брифинг за новинарите со цел да ги соопшти заклучоците од средбата.

Сите информации за економско-енергетската криза во светот можете да ги прочитате ТУКА.