Косово ќе поднесе барање за членство во ЕУ до крајот на годината

Сподели со своите пријатели

Косово ќе поднесе барање за членство во Европската унија до крајот на годинава, изјави во вторник во Тирана косовската претседателка Вјоса Османи.

Loading...

„Денеска овде пред сите лидери на ЕУ ќе објавам дека Косово до крајот на оваа година ќе ја поднесе својата апликација за членство во ЕУ“, рече Османи.

„Тука сум како водач на најпроевропската земја што постои“, додаде таа по пристигнувањето на состанокот на лидерите на ЕУ и колегите од Западен Балкан во главниот град на Албанија.

„Косово ја поддржува политиката на ЕУ“

Османи нагласи дека Косово ја поддржува политиката на ЕУ за надворешни работи и безбедносни прашања, вклучително и „хармонизирање на санкциите против Русија, како и отфрлање на секое злонамерно влијание на фактори како Русија и Кина“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ се жали дека кинеската стока ги преплавила пазарите. Еве што му кажа Си на Шолц денес

Косово е една од шесте земји на Западен Балкан. Земјата се одвои од Србија во 1999 година и прогласи независност во 2008 година.