Кошаркарките на Куманово со 5. победа во низа

Сподели со своите пријатели

Кошаркарките на Куманово вечерва ја забележаа петата победа во низа откако во градското дерби убедливо го совладаа составот на Риниа со резултат 74:28.

Loading...

Уште од самиот старт кумановки покажаа голема предност откако првата четвртина ја завршија со 15 поени разлика.

Убедливи кумановки беа и во втората четвртина па на полувреме се замина со резултат 40:13 или високи 27 поени предност во корист на домаќинот.

Немаше промена во темпото на игра на избраничките на тренерот Мартин Антевски ниту на стартот на второто полувре. Во третите десет минути на паркетот кумановки впишаа уште 16, а Риниа само шест поени и веќе го имаше решено натпреварот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Уживајте во сонце!

Апсолутна доминација над играта и резултатот ЖКК Куманово имаше до крајот на средбата при што впишаа пета победа по ред во Првата лига со резултат 74:28.

Со 21 поен најефикасна во тимот на Куманово беше Александра Петрушевска, 12 имаше Катерина Цвековска, поен помаплку впиша Стефанија Костадиновска. Седум поени има Теодора Вељановска,  Софија Норска впиша шест поени, а со поен помалку мечот го заврши Георгина Стојмановска.

Со оваа победа ЖКК Куманово се наоѓа на шестата позиција во табелата од Б групата во Првата женска кошаркарска лига со ист број победи како Гостивар и Пониква, кои се на четврто и пето место.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Никола Ивановски

Loading...