Концерт на кумановскиот бенд „KHARA“ за поддршка на нивната „Indiegogo“ кампања

Сподели со своите пријатели

Кумановскиот рок бенд „KHARA“ во понеделник со почеток од 21 часот, на платото пред НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово ќе одржи самостоен целовечерен концерт.

Целта на групата е финиширање на „Indiegogo crowdfunding“ кампањата за финансирање на нивниот втор албум „Heaven Can Wait“.

На настанот ќе има поставен штанд за донации, каде што ќе може да помогнете и за возврат да добиете соодветни награди, велат членовите од групата.

На концертот ќе бидат достапни и последните копии од првиот албум „There Were Heroes Amongst Us“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Leave a Reply