Кон Земјата се приближува комета во облик на вселенски брод (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На 20 јули оваа година, астрономите забележале дека кометата што се приближувала наеднаш и необјасниво осветлила, односно станала сто пати посветла.

Loading...

Станува збор за кометата 12P/Pons-Brooks која официјално е откриена во 1812 година, а која неодамна поради отцепување на остатоци и мраз наликува на Милениумскиот сокол – вселенски брод од Војна на ѕвездите, серија на научно-фантастични филмови (слика подолу).

Во моментов, кометата се уште е надвор од орбитата на Марс, а најблиску до Земјата ќе се приближи на 2 јуни 2024 година.

„Треба да биде видливо, сигурно ќе стане уште посветло, како што се случува со другите комети кога ќе се доближат до Сонцето“, изјави за Business Insider Ричард Мајлс од Британската астрономска организација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во пресрет на Велигден: Како да сварите совршено јајце?

Треба само да се забележи дека оваа чудна форма на кометата нема да биде видлива со голо око, дури и ако ја набљудувате со двоглед или со послаб телескоп.

Ако одлучите да ја барате на ноќното небо, веројатно ќе ја видите како мала светла точка или дамка.

 

Loading...

 

Децениска мистерија

Астрономите сè уште не се сигурни зошто кометата 12P/Pons-Brooks, која орбитира околу Сонцето на секои 71 година, осветли толку драматично во последните неколку недели.

Мајлс верува дека причината за ова може да биде активен леден вулкан на неговата површина.

„Фактот дека има течност во кометата е револуционерна идеја со која научниците не можеа да се помират со децении. Но, кога ќе ја погледнеме оваа комета, нема друго објаснување освен дека има и течност внатре во неа, заедно со цврста супстанции и гасови“, рече тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  БИЗАРНА ПРИКАЗНА: Ја погребал сопругата, па се венчал со нејзината мајка (ВИДЕО)

Така, Мајлс претпоставува дека сјајот настанал откако сончевата светлина се рефлектирала од материјалот исфрлен од ледените вулкани.

Познато е дека кометите се непредвидливи, некои имале такви слични испади“, вели астрономот Џанлука Маси од проектот „Виртуелен телескоп“.

На пример, кометата 29P/Schwassmann-Wachmann еруптираше четири пати по ред во 2021 година и приреди спектакуларно шоу.

Маси шпекулира дека оваа необична форма на потковица, која потсетува на Милениумскиот сокол, се должи на сенката што ја фрла прашината кома (небулозниот обвивка околу јадрото на кометата што заедно со неа ја формира главата на кометата).

Loading...

 

 

„Нејзиниот облик е прилично чуден“

Астрономот Кери Холт од Универзитетот во Мериленд изјави за Scientific American дека кометата исфрлила околу 10 милијарди килограми прашина и мраз за време на нејзиниот „пад“ во вселената.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК: Црвените јајца се вапцаат пред изгрејсонце

Иако научниците знаеле за вакви настани со векови, Холт сепак мисли дека обликот на 12P/Pons-Brooks е прилично чуден и се надева дека дополнителните набљудувања при неговото приближување до Сонцето ќе ја објаснат оваа необична форма на потковица.

Какво и да е објаснувањето, секако не се вонземјаните кои решиле да го отстранат „невидливиот штит“ од нивниот вселенски брод и да го објават нивното пристигнување.

Како што веќе спомнавме, кометата е откриена во 1812 година, а покрај Земјата поминува на секои 70 години.

Снимена е во 1884 и 1954 година и ниту еднаш за време на неговото поминување покрај Земјата од неа не мафтале „малите зелени“.

Loading...