Колку неработни денови ќе има во 2020 година?

Сподели со своите пријатели

Денот на Македонската револуционерна борба- 23 Октомври беше неработен ден за сите граѓани. Ни остана уште продолжен викенд до крајот на 2019 година, а тој ќе го имаме дури во декември.

Loading...

На 8. декември, во недела е празникот Св. Климент Охридски.

Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2020 година неработни денови се:

За сите граѓани на РМ

• 01 јануари (среда), Нова Година,

• 07 јануари (вторник), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар,

• 20 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот

календар,

Loading...

• 01 мај (петок), Ден на трудот,

• 24 мај (недела) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, односно 25 мај

(понеделник) е неработен ден.

• 24 мај (мај), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, односно 25 мај (понеделник) е

неработен ден.

• 02 август (недела), Ден на Републиката, односно 03 август (понеделник) е неработен ден.

• 8 септември (вторник), Ден на независноста,

• 11 октомври (недела), Ден на народното востание, односно 12 октомври (понеделник) е

Loading...

неработен ден.

• 23 октомври (петок), Ден на Македонската Револуционерна Борба,

• 8 декември (вторник), “Св. Климент Охридски”,

За граѓаните од православна вероисповед

• 06 јануари (понеделник), Бадник, ден пред Божик,

• 19 јануари (недела), Богојавление (Водици),

• 17 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден,

• 05 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден,

Loading...

• 28 август (петок), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица).

За граѓаните од католичка вероисповед

• 13 Април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден,

• 01 ноември (недела), Празникот на сите светци,

• 25 декември (петок), првиот ден на Божик.

За граѓаните од муслиманска вероисповед

Loading...

• 31 Јули (петок), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам,

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

• 22 ноември (недела), Ден на Албанската азбука,

За граѓаните припадници на српската заедница во РМ

• 27 јануари (понеделник), Свети Сава,

Loading...

За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ

• 08 април (среда), Меѓународен ден на Ромите,

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

• 23 мај (сабота), Национален ден на Власите,

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

Loading...

• 09 октомври (петок), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур,

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

• 28 септември (понеделник), Меѓународен ден на Бошњаците,

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ

• 21 декември (понеделник), Ден на настава на турски јазик.

Leave a Reply