Бакингемската палата објави дека периодот на жалост по смртта на Елизабета Втора ќе трае од сега до седум дена по погребот на кралицата.
„По смртта на нејзиното височество кралицата, желбата на неговото височество е кралот отсега до седум дена по погребот на кралицата да се почитува период на кралска жалост“, се вели во соопштението од Бакингемската палата.
Датумот на погребот ќе биде потврден во догледно време.
Кралицата Елизабета почина вчера на 96-годишна возраст во замокот Балморал во Шкотска, соопшти Бакингемската палата.
Неа автоматски и без церемонија ја наследи нејзиниот син Чарлс.
По објавувањето на нејзината смрт, веќе се случија неколку значајни моменти, вклучително и нејзиниот син да стане крал Чарлс III, говор на премиерката Лиз Трас и почести од лидерите ширум светот.
Сите информации поврзани со најновите случувања во Велика Британија можете да ги прочитате ТУКА.