Децата од предучилишна возраст кои дневно минуваат повеќе од два часа на телефон, таблет или лаптоп, имаат седум пати поголема шанса да развијат некоја форма на лошо однесување, сметаат научниците кои го проучувале однесувањето на децата во 2.400 семејства.
Времето кое децата до пет години го минуваат со одредени модерни технологии би требало да се ограничи на половина час дневно, дури и помалку.
Наместо тоа, децата би трбеало повеќе да престојуваат во природа, да се занимаваат со спорт и да се дружат со врсниците. Иако некои игри можат да бидат корисни за фантазијата и креативноста кај децата, постојат и такви кои се агресивни и негативно влијаат на развојот на најмладите.
На родителите им се советува со децата да разговараат за содржините кои секојдневно ги гледаат и да ги насочуваат на игри кои потикнуваат размислување како што се разни сложувалки и оние кои развиваат различни вештини кај најмладите.
Значи, бидете внимателни и што веќе време минувајте со своите деца.