Колкава е излезноста во Липково до 13 часот?

Сподели со своите пријатели

Излезноста до 13 часот на вториот круг претседателски избори во Липково е 3,28%, покажуваат податоците на Државната изборна комисија.

Loading...

Овој процент се базира на вкупно 99, 9 отсто од обработени избирачки места.

Тоа е значително помала излезност од првиот круг, кога во исто време гласачкото право го оствариле 15,84 отсто. Липково е меѓу општините со најмала излезност во државата.

Право на глас на вториот круг од претседателските избори во Липково имаат 26.030 избирачи.

На парламентарните избори своето гласачко право до 13 часот го оствариле вкупно 4.443 гласачи, односно 17,07 отсто од лицата со право на глас.

Право на глас за парламентарните избори во Липково имаат 26.024 избирачи.

Никола Ивановски