Колкав нуклеарен арсенал има Северна Кореја? Трамп и Сеул со различни бројки!

Сподели со своите пријатели

Сеул проценува дека Северна Кореја поседува помеѓу 80 и 120 нуклеарни боеви глави, изјави денес јужнокорејскиот министер за одбрана Ан Гју-бак, објави британската агенција Ројтерс, додавајќи дека ова е поголема проценка од американскиот претседател Доналд Трамп, кој рече дека Пјонгјанг има 57 боеви глави.

Министерот Ан му рече на парламентот дека генерално се верува дека Северна Кореја има околу 80 до 120 боеви глави, иако предупреди дека е тешко да се утврди точниот број.

Тој додаде дека бројот е изведен од проценки на приватни истражувачки организации, наведувајќи дека јужнокорејската војска не може официјално да го потврди бројот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Средбата меѓу Трамп и Ким Џонг Ун во ноември

Трамп во среда изјави дека Пјонгјанг има 57 нуклеарни боеви глави.

Новинарите го прашаа за севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун и неговите планови за средба подоцна оваа година.

Јужна Кореја традиционално избегнува јавно објавување детални проценки за нуклеарниот арсенал на Северна Кореја и официјално не ја признава како држава со нуклеарно оружје во согласност со нејзината долгогодишна политика за поддршка на денуклеаризацијата.

Ан го повтори истото мислење кога беше прашан дали владата ја признала Северна Кореја како држава со нуклеарно оружје.

„Не можеме официјално да го признаеме тоа“, рече јужнокорејскиот министер за одбрана, како што објави Бета.