Колкав е животниот век на мачките?

Сподели со своите пријатели

Сите знаеме дека за мачките се вели дека имаат девет животи, меѓутоа, нивниот вистински животен век зависи од многу фактори.

Како изгледа кога мачките ќе дојдат до „тревата“ на својата сопственичка? (видео)

Loading...

Сигурно сте сретнале приказни за мачките кои живеат и преку триесетина години. Во Гинисовата книга на рекорди постои податок за мачка која живеела до триесет и осмата година. Она што кај мачките е многу интересно и во исто време чудно, е фактот дека тие многу бргу созреваат. Мачката во втората година од животот е зрела како човек од 24 години.

 

 

Потоа процесот на стареење се намалува од осум до пет пати како годините изминуваат. Пред се, мора да кажеме дека животниот век на мачките зависи од тоа дали се работи за домашна мачка или онаа од улица.

Ново истражување покажува дека мачките не се домашни животни

Уличните мачки се среќаваат со повеќе проблеми и потешкотии. Освен што секојдневно се борат да дојдат до храна, мора да се борат и со други животни, да се грижат за мачињата, а и да се борат со разни болести од кои не се лекуваат. Освен тоа, во постојана опасност се од повреди и смрт, мора да внимаваат од сообраќајот, отровот кој го оставаат луѓето, од другите животни кои ги напаѓаат и слично.

 

 

Loading...

Поради сите тие услови, уличните мачки живеат само две до пет години. Животниот век на домашните мачки е подолг.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА МАЧКИТЕ: Целиот остров е нивното царство (видео)

Тие не мора да се борат со потешкотиите како нивните „роднини“ од улиците. Нивните сопственици се грижат за храната, хигиената, здравјето и за тоа нивните миленици да добиваат доволно љубов и внимание. Токму поради тоа, просечниот животен век им е од дванаесет до петнаесет години.

Leave a Reply