Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјави за неодамнешните напади врз Срби кај Книн дека ги осудува и секогаш ќе го осудува насилството, но и „дека не секој инцидент што се случува меѓу хрватските граѓани од различни националности може да се оквалификува приоритетно како етнички инцидент, односно етнички мотивирано насилство “.
– Нема да дозволам тоа да се направи во Хрватска, затоа што е многу засрамувачко и неодговорно кога политичарите ќе започнат да ги коментираат и обележуваат овие инциденти со запоставување или на вистинските факти утврдени со официјалната истрага или дури и не се грижат за овие факти – изјави Китаровиќ за ХРТ за прв пат коментирајќи ги нападите што се случија пред околу десетина дена.
Според неа, тоа е многу опасно затоа што предизвикува нова спирала на насилство, нетолеранција и инциденти.
„Нема да дозволам ваков вид политичка неодговорност“, рече Китаровиќ во интервјуто.
Засега хрватската претседателка не зборуваше за нападот во Книн, поради што таа се најде под критики во самата Хрватска.