Со музика и греена ракија членовите на здружението на граѓани „Коледари“ денеска пред платото на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ го одбележаа Бадник.
Стотина граѓани излегоа да го прослават големиот христијански празник во центарот на Куманово.
Најпрвин беа на литургија во храмот „Свети Никола“ од каде со музика пристигнаа пред Центарот за култура, каде продолжи одбележувањето на празникот.
Потоа Коледарите во друшво на градоначалникот Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска, прошетаа низ дел од улиците, а коло се разви на новиот кружен тек кај „Серава“.
Годинешниот кум на прославата е Дарко Радевски.
На денешната прослава беа поделени и бадниковите гранчиња, кои пред десетина дена здружението ги набра во селото Косматац, а за присутните граѓани имаше и греена ракија, чај и вино.
View this post on Instagram
Никола Ивановски